Комо навистина ретко губи од стартот на сезоната и засега има само еден неуспех, но изминатиот викенд тимот на Сеск Фабрегас одново покажа дека полека се претвора во специјализиран за реми.
Натпреварот против Калјари донесе голема борба и беспоштедни дуели на теренот во текот на сите 90 минути, меѓутоа во такви услови подобро се снајдоа гостите кои успеаја да си заминат од Комо со она по кое дојдоа.
Освоениот бод е далеку позначаен за Калјари, околку за Комо, а во натпревар на кој не видовме ниту еден гол, за издвојување е една несекојдневна ситуација која сега стана вирална.
Алваро Мората имаше неколку дели со Јери Мина и почна да го губи трпението со Колумбиецот, па откако намерно го оттурна и заработи јавна опомена, експресно побара да биде заменет.
Искусниот напаѓач очигледно почувствува дека е емотивно нестабилен за да ги продолжи дуелите со Мина, а Фабрегас веднаш му ја исполни желбата и го извади од игра.
Видеото погледнете го ТУКА.







