„IKEA“ лансираше мали дрвени креветчиња, наменети за паметните телефони. Засега тие се достапни само во Обединетите Арапски Емирати, а овие минијатурни кревети го предизвикуваат современиот проблем, неможноста да се одвоиме од своите уреди во текот на ноќта.
Креветите се опремени со NFC технологија која следи колку долго телефонот „спие“, поттикнувајќи ги корисниците да ги остават телефоните и да се вратат на спиењето.
Она што делува како шега всушност е паметен поттик за здравите навики на спиење. Преку физичкото одделување од телефонот на сопственикот, „IKEA“ се занимава со растечкиот проблем со зависноста од екраните и несоницата кои се поврзани со прекумерното користење на паметните телефони во текот на ноќта.
Награда доколку го ставиш телефонот во кревет
Принципот е едноставен, но и мотивирачки. Доколку го ставиш телефонот во кревет седум часа во текот на ноќта и во текот на целата седмица, „IKEA“ ти подарува ваучер за купување во вреднос од околу 27 долари.
Ова поттикнување додава елемент на игра во она што за многумина можеби е борба, одвојување од телефонот пред спиење.
Меѓутоа, постои мала маана, креветот чини околу 204 долари, што значи дека оваа инвестиција не е евтина. Цената е знак дека „IKEA“ сака луѓето сериозно да размислат за своите навики и да му дадат приоритет на својот одмор. Не станува збор само за креветот туку и за поместување на свеста.
Чекор кон дигиталната детоксикација
Креветчињата на „IKEA“ не се тука да ги галат вашите уреди туку да го вратат вашето здравје. Оваа кампања е дел од пошироката иницијатива за промоција на дигиталната детоксикација и бројните рутини пред спиење.
Експертите со години предупредуваат дека изложеноста на екраните пред спиење го нарушува квалитетот на сонот и одморот, што води до умор и послаба продуктивност.
Малото креветче станува физички потсетник да се „исклучиш“ и да негуваш здрав однос кон технологијата. Во време кога нотификациите непрекинато ни пречат, овој симболичен гест потсетува колку е важно повремено целосно да се „исклучиме“.
Ексклузивна понуда за купувачите во Обединетите Арапски Емирати
Овие минијатурни креветчиња за телефони достапни се моментално само во „IKEA“ во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи ги Дубаи и Абу Даби.
Не се продаваат поединечно туку купувачите добиваат кревет како подарок со купување одредени производи за спиење, како душек или перница.
Оваа ексклузивност дополнително го привлекла вниманието и го нагласува фокусот на „IKEA“ на целосното решение во врска со сонот.
Вработените во продавниците на купувачите можат да им ги претстават креветчињата и да ги поврзат со апликација, обезбедувајќи максимално корисничко искуство.
Овој личен пристап покажува колку „IKEA“ е посветена на доброто на своите купувачи.