Фотографија од интерфон во Минхен стана хит на интернет, Балканците гледаат во едно презиме и не веруваат: „И тој е наш“

Точка

18/10/2025

11:18

2.082

Големина на фонт

а а а

Фотографија од интерфон на зграда во Минхен, објавена на Фејсбујк страницата „Humor 24 sata“, брзо стана вирална, а вниманието го привлече едно презиме кое се издвојува од останатите.

Како што се гледа на фотографијата, во зградата главно живеат семејства од просторот на поранешна Југославија, меѓу кои Видојковиќ, Сретеновиќ, Вулета, Спахиќ, Бикиќ, Џаферовиќ, Босанчиќ, Јаќимовиќ.

Сепак, на интерфонот се појавува и едно типично германско презиме – Мајер, кое видливо „штрчи“ меѓу останатите.

Posted by HUMOR 24 SATA on Tuesday, October 7, 2025

Фотографијата од интерфонот објавена под наслов „Мајер, не се давај“, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи и искрено насмеа многумина, а коментарите под објавата се урнебесни.

„Веројатно и Мајер е наш“, „Тој Мајер сигурно е Словенец“, „Мајер е сигурно сопственикот на зградата“, „Мајер оженил Босанка... готов е, порано или подоцна“, „Сите вистински Германци“, „Единствениот странец во својата зграда“, „Одиме до Токио“, се само некои од коментарите под фотографијата.