[ВИДЕО] Мештанин покажал што сè можете да јадете на Сицилија за само 1 евро: Луѓето „хипнотизирани“ го гледале што прави

Точка

21/10/2025

14:06

1.210

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсер од Италија покажал што сè може да се изеде на сицилијански пазар за само едно евро – моцарела, пица, аранчини, лимонада и каноли!

За 61 денар во Македонија тешко е да се замисли оброк, но во срцето на Палермо, едно евро е влезница во светот на вистинските сицилијански вкусови.

Популарниот инфлуенсер Фернандо Масана, познат по својот Инстаграм профил „Rockin Kitchen Sicily“, станал вистинска сензација благодарение на видеата во кои покажува како во Италија, поточно на Сицилија, може да се јаде одлично – и тоа неверојатно евтино.

Пет евра – пет вкуса на Сицилија

Во едно од најгледаните видеа, Фернандо оди на пазар во Палермо со цел да направи комплетен оброк со само едно евро по ставка.


Прво купил свежа моцарела, која внимателно му ја завиткале во хартија – идеална за грицкање додека се шета. Следното било парче традиционална сицилијанска пица, позната како сфинчоне – дебела, мека, со зачинет доматен сос и кромид.

Не пропуштил да земе ниту аранчини – полнета топка од ориз со месо, сирење и зеленчук, специјалитет кој го обожаваат и мештаните и туристите. Сè чинело по едно евро.

За освежување – домашна лимонада, приготвена на лице место и послужена во пластична чаша. А за крај – неизбежните каноли, крцкав десерт наполнет со богат крем.

За само пет евра, Фернандо уживал во комплетен оброк со пијалак и десерт, а публиката воодушевено коментирала дека вакво нешто не може ни да се замисли во многу градови.


Во продолжение, во друго видео, покажал како за едно до две евра може да се пробаат фстаци, еспресо, фокача или свеж сендвич – а неговата публика секојдневно расте.