[ФОТО] „Карта на Балканот“ која предизвика расправа: „Не е важно каде живееш ако слушаш турбофолк“

Точка

20/10/2025

19:52

1.111

Големина на фонт

а а а

На Редит се отвори бурна расправа откако еден корисник објави карта на Европа и постави прашање кои земји припаѓаат на Балканот.

Тој означил неколку земји за кои смета дека се дел од Балканот. На неговата карта се најдоа: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија и Молдавија.

Наизглед едноставното прашање предизвика лавина коментари.

„Ако Унгарија е Балкан, тогаш можеме да ги вклучиме и Австрија и Италија“, „Молдавија и Унгарија немаат никаква врска со Балканот, а ниту пак Романија“, се дел од коментарите.

„Балканот е состојба на умот“

Некои пишувале дека Турција дефинитивно треба да се смета за дел од Балканот, други пак ја сместуваа Словенија и централна Хрватска поблиску до Централна Европа. Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Бугарија и Македонија се сметаат за неспорно балкански земји.


Еден коментатор на крајот сумирал: „Грција, Албанија, Македонија, Бугарија, Црна Гора, Србија, Романија, Босна и Хрватска. Тоа е вистинскиот Балкан“.

„Балканот е состојба на умот, а не географска дефиниција“, заклучил еден корисник. „Ако слушаш турбофолк и сакаш свинско месо, ти си Балканец, без разлика каде живееш“, додал друг.

Кои земји припаѓаат на Балканот?

Не постои универзален, официјално прифатен список на земји што припаѓаат на регионот Балкан, бидејќи границите на оваа област варираат зависно од географската, историската и политичката дефиниција.

Сепак, земјите кои обично се сметаат за балкански се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Романија, Србија, Словенија, Грција (копнениот дел) и Турција (европски/источен дел).