Во забрзаниот модерен свет, луѓето се жалат на висок степен на стрес на работа, на недоволно финансии, на проблеми во семејството и со партнерите
А кога ќе се појави стресот, тоа е знак дека треба да почнеме да работиме на себе, да се менуваме – така мисли популарниот монах Арсениј, игумен на манастирот Рибница во селото Паштриќ кај Мионица, православен беседник и публицист.
Авторот на книгите „Бог и рокенрол“ и „Зависник на небесната љубов“, познат по своите беседи и духовни пораки, на едно предавање открил што всушност претставува стресот:
„Стресот не е ништо друго освен искушение, а искушенијата ни се дадени за да нè зајакнат, не за да нè уништат.“
Овие 3 правила се терапија за сè
Отец Арсениј ги навел трите правила кои помагаат да се намали стресот, да се биде здрав, успешен и задоволен:
„Генерално, најдобрата терапија за сè — и за психата, и за бракот, за љубовта, за успехот на работа — се три активности: духовна активност, интелектуална активност и физичка активност. Духовната работа е сè она што спаѓа во молитва, литургија, а интелектуалната работа е учење.“
Образованието нема крај
Отец Арсениј нагласил дека човек не треба да учи само додека оди на училиште или факултет, туку постојано треба да го одржува својот интелект. Потсетил дека големите умни луѓе постојано учеле – на пример, Платон на 60–70 години учел да свири на харфа.
„И кога ќе ги завршиме со задолжителното образование, секогаш треба да учиме нешто. Постојано треба да го одржуваме интелектот активен.“
Начинот на живот кој вклучува многу седење предизвикува стрес, како и пречки во физичкото и менталното здравје. Отец Арсениј ја наведува физичката работа или спортувањето како важна трета активност што може да го подобри здравјето и да ни помогне да се чувствуваме добро.
Исто така, отец Арсениј нагласил дека луѓето кои не работат физички секој ден треба да бидат активни – да трчаат, пешачат, пливаат, вежбаат...
Физичкиот напор го зголемува ендорфинот
„Науката докажала дека на тој начин се лачат ендорфини, или хормони на среќата. Многу луѓе со психички болести одат во теретана и вежбаат, па кога ќе излезат, им е малку им е полесно, затоа што се излачиле тие внатрешни ендорфини – внатрешни хормони за смирување. Кога тоа се прави редовно, секој ден, тогаш имаме убава линија, сме здрави и имаме помалку стрес,“ објаснил отец Арсениј на едно предавање.