Научниците „пресметаа“ кога ќе исчезне светот каков што го знаеме: Вака ќе изгледаат последните денови на планетата Земја

Точка

20/10/2025

17:31

895

Големина на фонт

а а а

Во заедничка студија на научниците од Универзитетот Тохо во Јапонија и американската агенција NASA, користени биле компјутерски симулации за да се заклучи кога животот на Земјата би можел да престане да постои.

Резултатите не се охрабрувачки – на нашата планета ѝ се заканува колапс на атмосферата и исчеснување на кислород, пренесува „LadBible“.

Што ќе биде со луѓето?

Според истражувањето наречено „Идниот животен век на атмосферата на Земјата“, Сонцето во текот на наредните милијарда години ќе емитува сѐ повеќе топлина и зрачење, со што планетата постепено ќе станува неподносливо топла и сува.


Симулациите изведени на суперкомпјутери – дури 400.000, предвидуваат дека Земјата ќе стане целосно ненаселена околу годината 1.000.002.021. Во тој момент, повеќе нема да има океани, а атмосферата ќе стане премногу „темна“, додека пак површинските температури превисоки дури и за микроорганизмите.

Меѓутоа, она што загрижува повеќе е дека луѓето би можеле да исчезнат многу порано.

„Веќе сега гледаме знаци“

„Зголемената соларна активност, заедно со човековото влијание на климата создава услови кои многу порано ќе го оневозможат животот онаков каков што го познаваме. Уште сега ги гледаме знаците – соларни невремиња, нарушување на магнетното поле, топење на мразот, пад на нивото на кислород“, изјавил авторот на студијата д-р Казуми Озаки.

Додека претходните процени покажувале дека животот на Земјата би можел да трае уште две милијарди години, новите модели таа прогноза ја намалиле за половина.

Сѐ што зависи од кислородот, вклучувајќи ги и луѓето, растенијата и животните, би можело да исчезне за околу милијарда години.


Причини за размислување

Сепак, авторите на студијата повикуваат на разумно толкување на резултатите.

„Ова не се предвидувања за следната деценија, туку за следните епохи. Но, јасно е дека промените веќе се во тек“, заклучува Озаки.

Засега, како што велат научниците, немаме причина за паника, но имаме причина за размислување.