Дали некогаш сте се запрашале како изгледа Монт Еверест од вселената? Оваа фотографија направена од астронаут од НАСА ќе ве воодушеви

Точка

14/10/2025

20:15

868

Големина на фонт

а а а

Монт Еверест е највисокиот врв на светот, кој се наоѓа на надморска височина од 8.848 метри. Тој не претставува само предизвик за планинарите, туку е и симбол на величественоста на природата.

Сместен во непалскиот округ Солукумбу, Монт Еверест е дел од импресивниот планински венец Хималаи, кој се протега низ повеќе земји.

Неверојатна сцена

Искусниот астронаут на НАСА и талентиран фотограф, Доналд Дон Петит, неодамна ги воодушеви корисниците на платформата X, објавувајќи фотографија од Монт Еверест снимена од вселената!

Тој ја овековечил неверојатната сцена за време на шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица, пренесува „Слободна Далмација“.

„Кружиме над планинскиот венец Хималаи. Монт Еверест е на оваа фотографија, а видлив е и поголем дел од Непал“, напишал Петит.

„Перспективата е сè“

Откако беше објавена, фотографијата собра над три милиони прегледи и предизвика бројни реакции од корисниците на социјалните мрежи.

Еден корисник напишла: „Погледот на хималајскиот врв Монт Еверест е неверојатен“, а друг додал: „Изгледа како океанот да удира во брегот. Перспективата е сè“.