Оваа жена уште пред 25 години предупреди што ќе се случи со Силициумската долина – сите ја игнорираа

Точка

13/10/2025

16:16

572

Големина на фонт

а а а

Во светот на технологијата постои едно име кое речиси е избришано од историјата. Име на жена која прва ги видела мрачните страни на она што денес го нарекуваме „Силициумска долина“.

Се вика Паулина Борсук, и уште кон крајот на деведесеттите предупредуваше дека зад блескавата фасада на иновациите и стартапите се крие идеологија што не ги сака луѓето – туку моќта, парите и контролата.

Во време кога целиот свет ги славеше новите технолошки „богови“, Паулина укажуваше дека во позадина се раѓа нешто длабоко нездраво.

Нејзините зборови тогаш звучеа како претерување. Но денес, кога светот зборува за моќта на технолошките милијардери, алгоритамски надзор и општества зависни од машини, станува јасно дека таа била во право.

Нејзината книга „Cyberselfish“ беше остар напад на она што таа го нарече „технолошки либертаријанизам“ – култ на лична слобода без одговорност, каде емпатијата се заменува со ефикасност, а луѓето се третираат како код што треба да се поправи.


Предупредување што никој не сакаше да го слушне

Паулина Борсук тврдеше дека зад привидот на слобода во Силициумската долина стои опсесија со контрола.

Уште тогаш пишуваше дека истите оние што се колнат во приватност еден ден ќе создадат општество на надзор, каде секоја информација ќе биде достапна – не на државата, туку на корпорациите.

Предупредуваше дека „свет без ограничувања“, за кој зборуваа младите генијалци од стартапите, не е слободен свет, туку простор во кој технологијата го презема сето човечко.

Сметаше дека овој култ на самодоволни „гении“ еден ден ќе го обликува светот по сопствена мерка.

Нејзините текстови беа пред своето време.

Додека тогашните медиуми ги величаа Илон Маск, Марк Закерберг и Питер Тил, Паулина гледала нешто друго – спој на технологија, пари и моќ без одговорност.


Жената што беше во право, но светот ја заборави

Наместо признание, Борсук доживеа нејзиниот труд да исчезне во сенката на оние што му служеа на системот.

Нејзината книга не постигна успех, а таа исчезна од медиумите токму кога требаше да стане клучен глас во технолошката дебата.

Денес, во поодминати години и без финансиска сигурност, Паулина се обидува повторно да го објави своето дело и да потсети на предупредувањата што ги изнесе пред четврт век.

Луѓето почнаа да собираат средства за неа, а многумина кои дури сега го открија нејзиниот труд велат дека таа предвидела сè – од социјалните мрежи, до дигиталната контрола и падот на довербата меѓу луѓето.


Сè што тогаш напиша денес изгледа пророчки. Но, Паулина Борсук никогаш не сакала да биде пророк.

Таа само сакала светот да разбере дека технологијата без емпатија не е напредок – туку опасност.

Затоа нејзините зборови денес одѕвонуваат погласно од кога било, додека човештвото се обидува да најде рамнотежа меѓу технолошкиот развој и човечноста – нешто што очигледно не тече низ „Силициумската долина“.