6 цитати на познатиот руски психолог кои вреди да ги прочитате кога ви е тешко: „Ова е убиецот на токсичните мисли“

Точка

10/10/2025

15:19

1.169

Големина на фонт

а а а

Понекогаш во животот не е толку важно разбирањето, колку промена на перспективата. Познатиот руски психолог и психотерапевт Михаил Лабковски знае како да зборува отворено и директно.

Неговите мисли често стануваат тој клик што ве тера да се гледате себеси и своите одлуки на поинаков начин.

Пронајдовме 6 цитати, или подобро кажано совети, од Михаил Лабковски кои можат да бидат корисна поддршка во турбулентните моменти од животот, а можат и да го наведат вашиот мозок да се врати на вистинскиот пат.


1. „Минатото можеме да го промениме, само доколку го промениме и ставот кон него. Минатото не може да се избрише, сеќавањата болат или инспирираат – а тоа зависи од тоа што ќе одлучиме да направиме со нив. Доколку огорченоста и вината не исчезнат, не станува збор за нив, туки во тоа како сè уште ги носиме во себе. Имаме избор.“

2. „Секоја наша мисла ја одредува нашата иднина. Секоја мисла е како камен темелник на нашата реалност. Помислата дека не можете да се носите со нештата, се претвора во анксиозност и неактивност. Мислата дека може да успеете ви дава шанса. Не можеме секогаш да го следиме текот на нашите мисли, но можеме да научиме да забележуваме кои нè подржуваат, а кои нè обезвреднуваат. Тука започнува самоусовршувањето.“

3. „Најголемиот благослов е способноста да бидеме среќни овде и сега. Често се чини дека среќата е награда за трудот или идниот резултат. Во реалноста, тоа е вештина. Учењето да уживате во она кое веќе го имате и обрнување внимание на ситниците кои ви носат топлина. Да се иде во моментот не е апстрактна идеја, туку конкретна пракса. Ви помага да го избегнете одложувањето на животот за подоцна.“

4. „Не плашете се од грешките, тие се составен дел од процесот на учење и развој. Грешките се неизбежнии, особено кога се обидувате нешто. Стравот од грешки нè парализира и спречува да растеме. Поради тоа е важно на грешките да гледаме како на скалило, а не како неуспех. Тие се знак на напредок, а не пораз. Нашиот мозок работи непрестајно, но не секогаш во наша корист. Понекогаш ги реплицира старите убедувања и анксиозности.“


5. „Размислувањето е моќно оружје, кое може да ви помогне или наштети. Не е важно дали автоматски размислуваме, туку како учиме да го менуваме фокусот. Размислувањето може да се третира како мускул – и од тоа зависи како ја доживуваме стварноста.

6. „Можеме да ја создадеме најдобрата верзија од нашите животи, почнувајќи од денес. Не постои совшен момент кога ќе дојде сè на свое место. Постои само сега. Секое движење започнува со мал чекор. Понекогаш е многу срамежлив. Но тоа е почетокот на промените. Не чекајте, немојте бесконечно да се подготвувате, туку направете го тоа. Со тоа „денес“ ја создаваме утрешната сегашност.“