„Jaguar“ каков што го познававме — заврши. Стигна ново лого, а наскоро ќе пристигнат и нови модели што допрва треба да се докажат. Но, овој автомобил го има сето она поради кое би му се восхитиле дури и оние на кои "Jaguar" никогаш не им бил близок до срце.
Британската марка влегува во конкуренција со најлуксузните автомобили на светот. Откако не успеа да ги загрози моделите на "BMW" или "Audi", сега има нова цел — да му ги помати сметките на "Bentley". Главното оружје ќе му бидат електричните модели. Не звучи баш убедливо, нели? Единственото нешто на што може со сигурност да се обложите е дека "Jaguar" ќе биде значително поскап.
Но, ако сакате вистински "Jaguar", еве го. Овој ремек-дело е рестомод што го потпишува компанијата "TWR" (Tom Walkinshaw Racing), основана во 1976 година.
Основата е класичниот "XJS", а новиот додаток во името — "Supercat" — совршено му прилега. Со агресивен изглед и 10 проценти помала маса од оригиналот (1605 килограми), автомобилот изгледа како да излегол од тркачка патека, а заслугата за тоа оди на сметка на целосната карбонска каросерија.
Да, добро гледате — издувните цевки се поставени на страните, а позади е вграден огромен дифузер. "Supercat" е поширок од оригиналот и "облечен" во поголеми гуми. Но, без претерување: предните тркала се со дијаметар од 18 инчи, а задните се еден број поголеми.
Подобрената и зацврстена каросерија, адаптивната суспензија и диференцијалот со ограничено пролизгување обезбедуваат врвни перформанси, а срцето на автомобилот е сериозно модифицираниот мотор. Тоа и понатаму е V12, но сега со зголемена зафатнина — од 6.3 на 6.5 литри. Благодарение на турбополначот, агрегатот развива 660 коњски сили и 730 N/m вртежен момент, во комбинација со рачна шестстепена трансмисија.
Со поголема моќност и помала тежина, "Supercat" изгуби само во еден сегмент — бројот на патници. Овој пат, задните седишта се минато. Да, "Supercat" е вистински дволичен спортист — дизајниран само за двајца.
А кога е цената во прашање, поважно е да се спомене дека уште има слободни примероци за нарачка. Потребен е депозит од 35.000 британски фунти (GBP), а почетната цена изнесува 225.000 GBP.
Едноставно кажано — ова е "Jaguar" каков што треба да биде: див, рафиниран и бескомпромисен.