Изумот на Борис Секирарски може да спасува животи, но државата веќе 8 години е незаинтересирана: Што претставува системот ЕЛИФ?

Точка

06/10/2025

13:53

1.683

Големина на фонт

а а а

Државата веќе со години има можност да располага со иновативен систем кој може навремено да алармира за опасност од поплави, невреме и еколошки катастрофи – но, за жал, не покажува интерес да го искористи.

Станува збор за ЕЛИФ, систем осмислен и развиен од Борис Секирарски – физичар, метеоролог и иноватор, кој целиот свој живот го посветил на науката.

ЕЛИФ е првично дизајниран како алармен систем за навремено предупредување од поплави, а Секирарски го презентирал уште во 2017 година. И покрај тоа што неговата работа била препознаена како иноваторски успех, државните институции не покажале интерес да го имплементираат.

Корисноста на ЕЛИФ повторно се докажа по пожарот во Трубарево

По неодамнешниот пожар во Трубарево, ЕЛИФ уште еднаш ја докажа својата вредност – преку фотографии, Секирарски објавуваше информации за движењето на опасниот чад, а потоа на секои два часа даваше нови податоци за неговата насока.

Сепак, овие информации беа достапни само за неговите пријатели на Фејсбук, бидејќи државата нема воспоставен канал преку кој тие би можеле навремено да стигнат до јавноста.


„Брз одговор во опасни состојби спасува животи… а ние со децении само повторуваме фрази за рани најави. И грешиме!“, вели Секирарски за „Фокус“.

„Пред Трубарево ние го имавме пожарот во Фалише покрај Тетово, а и пред тоа имавме случаи на ширење на облак на опасна материја. Имавме и опасно истекување во кругот на некогашната фабрика ОХИС. Во ниту еден од тие случаи немаше брзо информирање кое е познато како „rapid response“ за загрозеност од ширење на опасни материи во вид на облак.

Ние потполно ја игнориравме потребата од најитно информирање во вака опасни состојби“.

Секирарски потсетува и на трагедиите од пред една деценија, кога во две брзи поплавувања загинаа повеќе од 25 граѓани.

„И тогаш немавме никаков систем за брза реакција, а и сега нема ниту обврска некој тоа да го стори, ниту развој на начини како тоа да се стори. Значи за 10 години ние не се помрднавме од место за да сме поефикасни во брзото поплавување за да се спасат човечките животи најпрвин“, вели Секирарски.

Тој се обидел да го стави својот изум на располагање, чукнал на многу врати, но наишол на незаинтересираност и молк.

„Јас тогаш ги оставив моите секојдневни истражувања и појдов да барам пат како да почне мојот тогашен систем за брзи поплави да се примени. Изодев малку чукајќи на вратите на директори (ЦУК, ДСЗ), и неколку градоначалници (кои вкупно беа на функција од над 800.000 жители) и ништо. Наидов на едни луѓе, кои беа „културно незаинтересирани“ во однесувањето и единствено расположени да раскажат какви системи тие ќе спроведат или само што не ги спровеле. Самиот УХМР во кој јас до неодамна бев вработен е многу ниско поставен во хиерархијата на целиот наш систем на заштита, па и тој немаше никаков интерес за вакви активности“, вели тој.

Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.