[ВИДЕО] Семејство побегнало од „Airbnb“ апартман по шокантно откритие: „Најважна нѝ беше безбедноста на нашите три деца“

Точка

02/10/2025

20:57

1.613

Големина на фонт

а а а

Петчлено семејство го напуштило својот „Airbnb“ апартман во Перт, Австралија, по едно застрашувачко откритие.

Крис и Кејт Хардман се шокирале кога откриле огромна камера насочена директно кон дневната соба во своето сместување. Камерата делувала како да е вклучена – црвеното светло трепкало додека Хардман го снимал видеото.

„Местото е убаво, но има нешто околу што не сум сигурен. Може ли некој да ми помогне?“, ги прашал Хардман своите следбеници на социјалните мрежи. „Дали ова е дозволено на „Airbnb“? Мислам дека не би требало да биде...“.


Брачниот пар веднаш донел одлука да го напушти сместувањето и да резервира хотел, бидејќи, како што рекле, инцидентот ги „ужаснал“.

„Најважна нѝ беше безбедноста на нашите три деца“, изјавил Хардман.

Првично, „Airbnb“ понудил алтернативно сместување без дополнителни трошоци, како и покривање на трошоците за хотел. Но, според семејството, компанијата потоа „замолчела“ кога станало јасно дека алтернативниот објект може да чини значително повеќе.


По бројните објави на интернет, семејството добило купон откако нивните видеа стигнале до највисокиот менаџмент на „Airbnb“, пренесува „NY Post“.

„Тоа нè спаси“, вели Хардман. „Купонот ја покри цената на сместувањето, добивме алтернативен објект на слична локација, а сите трошоци нѝ беа рефундирани“.


Портпарол на „Airbnb“ за Австралија и Нов Зеланд за news.com.au изјавил дека домаќините не смеат да поставуваат камери или други уреди за снимање внатре во објектот, дури ни кога се исклучени.

Тие нагласиле и дека во случај на загрозена безбедност – како за гостите, така и за домаќините – достапен е тим за итна поддршка 24/7.

Иако сè било решено, Хардман додал:

„Штета е што моравме да се потпреме на моќта на социјалните мрежи за „Airbnb“ да го направи она што е исправно“.