Супербура се движи кон Европа: Се очекува жесток удар, најавени и силни турбуленции на летовите

Точка

02/10/2025

16:07

2.530

Големина на фонт

а а а

Дел од Европа ќе биде погоден од досега најсилната бура – Ејми, пренесува сервисот „Severe Weather“. Се очекуваат големи турбуленции кои ќе го отежнат воздушниот сообраќај, како и бранови високи до 12 метри.

Како што пренесува „Večernji list“, северниот Атлантик во моментов е исклучително активен додека се приближуваме кон врвот на сезоната на бури 2025/2026.

Според најновите податоци, бурата Ејми, која настана од остатоците на ураганот Умберто, брзо се засилува и се движи кон западна Европа, носејќи потенцијално опасни услови во Ирска и Шкотска веќе во петок.


Инаку, како што пренесува „Večernji list“, сезоната на атлантски бури кои имаат влијание врз Европа трае од 1 септември 2025 до 31 август 2026 година.

Бурата Ејми го означува почетокот на сезоната и се предвидува дека ќе биде најсилната атлантска бура досега, пишува „Severe Weather“.

Според најновите метеоролошки модели, оваа бура ќе има значително влијание врз Ирска и Шкотска во петок попладне. Се очекуваат силни ветрови, со брзини од 160 до 190 км/ч., особено во Северна Ирска и долж западниот брег на Шкотска.

Се предвидува формирање на бранови високи до 12 метри, што ќе ги загрози крајбрежните области, со можни поплави. Се очекуваат и обилни врнежи од дожд, локално и над 150 мм до недела наутро.

Во сабота, бурата ќе се премести кон Северното Море, носејќи силни ветрови (над 120 км/ч.) и високи бранови во Холандија, северна Германија и Данска.


Исто така, се очекува и зголемен ризик од турбуленции во воздушниот сообраќај.

Се очекува Ејми дополнително да се интензивира, а нејзиниот врв се предвидува пред ударот во западна Европа.

Жителите на Ирска, Шкотска и другите погодени области треба внимателно да ги следат ажурираните прогнози од националните метеоролошки служби, како и да се подготват за можни прекини во сообраќајот, поплави и штети предизвикани од силниот ветер.

Поморскиот и воздушниот сообраќај ќе бидат особено загрозени поради високите бранови и турбуленции.