„Како е оваа девојка модел? Дали е ова шега?!“: Ќерката на Никол Кидман прошета на модната писта во екот на разводот на нејзините родители

Точка

02/10/2025

20:20

1.135

Големина на фонт

а а а

Иако 17-годишната манекенка покажала голема храброст што во толку тежок период за нејзиното семејство се појавила на Модната недела, коментаторите немале милост...

Изминатите денови, светските медиуми пишуваат за разводот на актерката Никол Кидман и музичарот Кит Урбан, а во таа комплицирана семејна ситуација, нивната постара ќерка мораше да застане под светлата на рефлекторите.

Сандеј Роуз Кидман Урбан, која веќе некое време гради кариера во светот на моделингот, вчера прошета по пистата на ревијата на модната куќа „Dior“ на Модната недела во Париз, прва на која креативниот директор Џонатан Андерсон ја претстави својата визија за „Dior“.

17-годишната манекенка носеше високи црни панталони со широки ногавици и сива, драпирана блуза, додека со сериозен израз на лицето чекореше по пистата.

Како и претходниот пат кога се појави на модната писта, Сандеј Роуз повторно се соочи со критики дека е уште едно „непо бебе“ – дете на славни личности кое добива можности само поради родителите, а не поради талент. Коментарите беа особено сурови, и покрај тоа што нејзините родители поминуваат низ развод по 19 години брак.


„Никол од младоста имаше прекрасно лице. За жал, нејзините ќерки се слика и прилика на татко им“, „Како е оваа девојка модел? Сериозно, дали е ова шега?! Бог да им е напомош на вистинските модели кои бараат работа“, „Кутрата Сандеј Роуз има лице за радио“, „Зарем моделите не треба да бидат убави?“, се само дел од суровите коментари на „X“ (поранешен Твитер).

Која е постарата ќерка на Никол Кидман и Кит Урбан?

Сандеј Роуз Кидман Урбан е родена на 7 јули 2008 година во Нешвил, а како девојче се обиде во актерството.

Најпрво се појави како ученичка во неколку сцени од серијата на нејзината мајка „Big Little Lies“, потоа го позајми својот глас за лик во филмот „The Angry Birds 2“, а подоцна се појави и во една епизода од серијата на нејзината мајка „The Undoing“.


Отсекогаш сакала да биде манекенка, но Никол Кидман ѝ дозволила да се проба во моделингот дури откако наполнила 16 години, сметајќи дека дури тогаш е доволно зрела.

Тоа правило, сепак, не го применила и кај помладата ќерка, Фејт Маргарет, која неодамна сними реклама заедно со мајка ѝ, иако има само 14 години.


Како што откри Сандеј Роуз во интервју за списанието „Nylon“ во август, нејзините родители секогаш се труделе да ја задржат со двете нозе на земја и да ѝ ја нагласат важноста на образованието.

Таа признава дека на почетокот не ѝ се допаѓале тие правила, но сега е „навистина среќна што постоеле, затоа што ѝ го зачувале доброто расположение“.


Првпат прошетала по писта на ревијата на модната куќа „Miu Miu“, исто така во Париз, на Модната недела во 2024 година. И тогаш реакциите беа претежно негативни, со доминантни коментари дека е само уште едно „непо бебе“ кое успева во индустријата благодарение на славните родители.