[ФОТО] Град во Србија каде постои „мини Југославија“: Како изгледа Југоленд?

Точка

02/10/2025

16:09

1.148

Големина на фонт

а а а

Според податоците на Туристичката организација на Војводина, овој парк зафаќа површина од околу 2,5 хектари и официјално е основан во 2003 година на приватна парцела.

На северот од Србија, веднаш до Суботица, изграден е тематски парк наречен „Југоленд“ (Yugoland), со амбиција да стане место каде што сеќавањата на стариот заеднички југословенски простор се оживуваат преку скулптури, симболи, манифестации, но и секојдневни активности.

Poseta drugova i drugarica iz Zagorja ob Savi, društvo poštovaoca NOB-a.

Uživali su u vođenoj turi kroz park Yugoland sa...

Posted by Mini Jugoslavija - Yugoland on Tuesday, September 9, 2025

Според податоците на Туристичката организација на Војводина, овој парк зафаќа површина од околу 2,5 хектари и официјално е основан во 2003 година на приватна парцела, според идејата на Блашко Габриќ и група истомисленици, кои не сакале да дозволат „по 80 години постоење името Југославија да биде избришано без референдум“.

Се чини дека Габриќ има доста истомисленици па „мини Југославија“ привлекува луѓе од цела поранешна Југославија, особено кога се слават големи празници на поранешната држава, како што се 1 мај – Меѓународен ден на трудот, 9 мај – Ден на победата над фашизмот, потоа 25 мај – Ден на младоста, 29 ноември – поранешниот Ден на Републиката…


Петокракото знаме сè уште се вее на ова место, а паркот е полн со симболи на поранешна Југославија и ликови од нејзината историја.

Секако, тука е и скулптура во природна големина на Јосип Броз Тито – поставена како еден од центрите на колективната носталгија. Репликата на најпознатата биста на Тито, лоцирана во Кумровац, бесплатно ја изработил уметникот Фрањо Мачковиќ.

Познатиот црвен киоск е детаљ кој сите посетители ги потсетува на некое „подобро време“, а минатата година воениот авион „Соко Јастреб Ј-21“ слетал во овој парк и останал таму како вреден експонат.


Исто така, изграден е и „мини Триглав“ — рид висок околу 12 метри, кој основачите го направиле како реплика на словенечка планина.

Паркот е уреден, со повеќе од 3.000 дрвја и со информативни табли што ги означуваат видовите дрвја и даваат интересни факти, а програми како што се „Екославија“ (фестивал на екологија и антифашизам), „Денови на хуманост“, „Собир на Југословени од сите републики“, „Со велосипед до почист воздух“ и слични кампови, фестивали, собири го прават „Југоленд“ не само статичен музеј во природа, туку единствена комбинација од носталгија, симболика и општествен ангажман.