Ашваганда е една од темите која низ годините се дискутира во јавноста, а таа е дел од адаптогените кои наводно му помагаат на телото да се приспособи на стресот.
Затоа не е изненадување што нивната популарност расте меѓу луѓето. Сепак овие „зен“ фаворити не се особено нови.
Ашвагандата е дел од медицината и се користи долги години поради наводни бројни здравствени придобивки, од зголемување на нивото на енергијата, регулирање на нервниот систем, подобрување на сонот и одмор, превенција или запирање на опаѓање на косата, па дури и зголемување на либидото.
Сѐ што може да ни помогне подобро да се избориме со стресот го привлекува нашето внимание, не можеме на таквите работи да не им пристапиме со здрава доза на скептицизам.
Зошто во Данска ашвагандата е забранета
Данска ја забранила ашвагандата во додатоците на исхраната во април 2023 година поради извештајот на Данскиот технички Универзитет од 2020 година којшто укажал на ризици, вклучувајќи и можни негативни ефекти на хормоните на штитната жлезда и половите хормони, плодноста, како и потенцијалните аборитивни својства, поради што не било во можност да се одреди безбедна доза.
Доколку хормоните на штитната жлезда премногу се зголемат, тоа може да доведе до ретка состојба која се нарекува тиреотоксикоза. Иако овие несакани ефекти се загрижувачки, извештајот и натаму не дава јасни докази за влијанието на ашвагандата на хормоните и плодноста. Случаите кои ги спомнуваат авторите се ретки, а во многу студии не биле пронајдени никакви докази за проблеми со штитната жлезда.
Што е ашваганда?
Ашваганда – позната и како „withania somnifera“ е корен којшто се користи во медицината.
„Една од нејзините главни состојки се адаптогените дејства“, вели доктор Ели Хеинтзе.
„Може да помогне во балансирање на нивото на стрес, зголемување на расположението, како и во подобрување на менталната јаснотија и фокусот. Постојат студии кои покажуваат дека таа може да помогне и при воспаленија и намалување на болката“.
Меѓутоа, ашвагандата можеби не е безбедна доколку личноста e:
- бремена;
- дои;
- има хормонска чувствителност;
- консумира одредени лекови;
- треба да оди на операција;
- има автоимуни заболувања на штитната жлезда;
- има проблеми со црниот дроб.