Првата дама на Франција уште еднаш покажа дека модата не е само избор на облека туку уметност, а каде ќе го демонстрира подобро тоа отколку на модната недела во Париз.
Брижит Макрон, сопруга на францускиот претседател Емануел Макрон, не препушта ништо на случајноста кога станува збор за стајлингот. Секој нејзин моден потег внимателно е испланиран до најмал детаљ.
Тоа го покажала многупати досега, а последното нејзино појавување во Париз повторно никого не оставило рамнодушен.
Брижит уште еднаш ја потврдила репутацијата на една од најстилизираните први дами кои светот некогаш ги имал.
На ревијата на „Louis Vuitton“ за есен/зима, на која присуствувале бројни познати личности, Брижит не останала незапаметена.
За оваа специјална и многу важна прилика Брижит носела впечатлива јакна со металик детали која го осветлила целиот стајлинг, блуза со јака и елегантни панталони со рамен крој.
Изгледот го надополнила со чевли на висока потпетица и кожна чанта со метални украси.
Косата ѝ била стилизирана во волуменозен боб по којшто веќе со години е препознатлива, додека пак шминката била гламурозна, но сепак во состав со приликата.
Таа уште еднаш докажала дека не е само олицетворение на елеганцијата туку и амбасадорка на француската висока мода.