Откако цело лето била полна со туристи и деца, романскиот брегсега е полн со мртви медузи.
Овој феномен е нормален, но непријатен за оние што сакаат да шетаат по крајбрежјето, дури и ако времето повеќе не е погодно за плажа. Мештаните велат дека никогаш не виделе толку медузи како годинава, меѓутоа, експертите имаат објаснување.
Од одморалиштето Сатурн до блиску до казината во Констанца, плажите се полни со угинати медузи. Доколку на почетокот на месецот имале напад на медузи во морето и во пристаништето, сега повеќето од нив се угинати на крајбрежјето.
Силниот ветер завчера на крајбрежјето донел уште повеќе угинати медузи. Има повеќе од кога било порано. Луѓето кои шетаат по плажата велат дека никогаш не виделе таква глетка. Мирисот не е непријатен, но експертите велат дека би било подобро да не се допираат.
„Имаше и порано, но не толку многу. Нешто вакво скоро не сме виделе, многу е непријатно“, вели еден рибар.
Litoralul românesc, de la Saturn până la Constanța, se confruntă cu o invazie neașteptată de mii de meduze moarte, aduse de brizanți, un fenomen natural provocat de ciclul biologic și condițiile de mediu favorabile. pic.twitter.com/YLBLKfEks4
— unumihai (@unumihaii) September 30, 2025
Сините медузи кои го прекриле крајбрежјето се дел од видот „Rhizostoma Pulmo“, можат да достигнат големина до 50 сантиметри, а нивното појавување на плажата на крајот на сезоната е природно.
„Тоа се топловодни медузи кои ги исфрлаат брановите на крајот на сезоната, односно кога водата се лади на крајбрежјето. Тие го завршуваат својот биолошки циклус, кој трае само една година“, објаснува научникот Адриан Билба.
Објаснувањето за зголемувањето на бројот на медузи во однос на претходните години е едноставно и се заснова на неколку научни аргументи.
Еден од нив е големата количина зоопланктон, морски организам кој им служи како храна, а кој останал по падот на популацијата на риби. Покрај тоа, важна улога имаат одиграно и високите температури.
Медузите сами ќе се распаднат и ќе исчезнат од плажите до крајот на октомври, објаснува тој.