Трендот на продолжен летен одмор континуирано расте ширум Европа. Според најновото истражување на „Monitoring Sentiment for Intra-European Travel“ кое го објавила Европската туристичка комисија, дури 77 отсто од Европејците планираат да патуваат меѓу јуни и ноември оваа година.
Како најпосакувана дестинација се истакнува Медитеранот, првенствено благодарение на благата и сончева клима. Особено привлекува неверојатната Турција која на патниците им нуди изобилство на сончеви денови сѐ до крајот на ноември и дава мирно бегство од секојдневието.
Сончевото егејско крајбрежје и блескавото медитеранско море ја прави Турција идеална за оние кои сакаат да го избегнат метежот во текот на летните месеци.
За оние кои сакаат продолжено лето во помирна атмосфера и поатрактивни цени, Турција ветува незаборавно бегство.
Турски Егеј: Топол, ве чека
Вашата вистинска дестинација за уживање во бескрајното лето е Измир, познат по високиот квалитет на живот и опуштениот егејски дух.
Измир има единствена положба поради која шармантното гратче многумина го посетуваат. Златните плажи, богати со понуди за нуркање и знаменитостите како дворците се неверојатни за посета.
Таму сѐ изгледа како мало парче рај, а рестораните кои се таму имаат и Мишелинови ѕвезди и нудат неверојатна кујна каде може да пробате многу турски специјалитети.
Бескрајно лето во Анталија
Анталија е другата скапоценост во Турција, нуди неверојатни пејзажи кои го одземаат здивот, но и сонце кое речиси никогаш не престанува да сјае.
Со дури 300 часа сонце годишно и 233 Сини знаменца, најмногу на светот, со причина е една од најпосакуваните дестинации.
Таму ги има едни од најубавите плажи на светот, а продолженото лето е одлично и за истражување на тамошните антички локалитети.