Новата студија покажува дека какаото е богато со флавоноли, ги намалува инфламаторните маркери hsCRP поврзани со стареењето.
Новата голема клиничка студија покажува дека суплементацијата на екстракт од какао, богати со флаваноли, може значително да ги намали инфламаторните маркери hsCRP кои се поврзани со стареењето и ризикот од кардиоваскуларни болести.
Овие наоди укажуваат на потенцијалната улога на какаото во чување на здравјето на срцето и забавување на процесот на стареење.
Истражувањето е спроведено во рамките на COSMOS студијата кое го организирала болницата Brigham and Women’s во соработка со Масачусетс.
Во студијата учествувале над 21.000 луѓе постари од 60 години, резултатите покажале дека оние кои секојдневно земале суплементи со екстракт на какао имале пониско ниво на hsCRP.
Намалување на инфламацијата и заштита на срцето
Клучниот резултат е намалено ниво на hsCRP за 8,4 отсто годишно кај учесниците кои користеле суплементи, што укажува на антифламаторниот ефект на какаото којшто може да се внесе и во вид на темно чоколадо (со најмалку 70 отсто какао). Исто така забележано било и зголемено ниво на интерферон-v, протеин важен за имуниот систем што дополнително сугерира дека какаото има корист за здравјето.
Овие ефекти придонеле и во намалување на смртноста од кардиоваскуларни болести за 27 отсто во групата која користела екстракт од какао во споредба со контролната група.
Значајни нутритивни промени
Иако суплементацијата не е замена за здрав начин на живот, резултатите од студијата ја нагласуваат важностаа на флаванолите од какаото како корисен сојузник во чување на здравјето и намалување на воспалителните процеси се поврзани со стареењето.
Студијата објавена во магазинот „Age and Ageing“ дополнително го потврдува значењето на нутритивните промени во борба против инфламација и позитивно влијание на долговечноста.