[ФОТО] Селена Гомез го изговори судбоносното „да“: Нејзината венчаница е меѓу најубавите кои некогаш сме ги виделе

Точка

29/09/2025

08:22

3.461

Големина на фонт

а а а

Наместо класичен фустан со балски крој, една од најпопуларните млади жени на планетата избрала да носи стил инспириран од далечното златно доба на Холивуд за еден од нејзините најважни денови во животот.

Холивудската актерка, пејачка и деловна жена Селена Гомез (33) и музичкиот продуцент Бени Бланко (37), се венчале вчера на луксузна церемонија во Санта Барбара.

Парот по венчавката споделил видеа и фотографии на Инстаграм, зад кои стои познатата фотографка Петра Колинс која сведочела на нивната среќа, а модните експерти веднаш забележале дека и невестата и младоженецот носеле модни изданија од брендот „Ralph Lauren“.

Нереален фустан на Селена Гомез

Додека Бланко носел класичен црн смокинг, Селена Гомез избрала романтичен фустан.

Станува збор за бела венчаница со струкирани делови и апликации на цветови околу вратот која постепено се шири во А крој и го открива грбот.

Актерката носела венчаница без ракави која не е класичен фустан какви што претходно носела во филмовите, но дефинитивно има доза на холивудски гламур, романтична е и една од оние кои се памети.

„Мојата сопруга во реалноста“, напишал продуцентот покрај фотографиите.

Фризурата на Селена Гомез во стилот на старите холивудски диви

Селена кажала „да“ во свое препознатливо издание кога станува збор за фризурата - боб.

„При подготовките на косата на Селена Гомез за прославата на радоста и љубовта, секој детаљ мораше да биде совршен“, изјавил фризерот Ренато Кампора.

„Конечниот резултат е беспрекорен, вонвременски, холивудски, гламурозен“, заклучил тој.