Погоден од кризата: Германскиот гигант отпушта уште 13.000 работници

Точка

26/09/2025

07:39

611

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител на автомобилски делови „Bosch“ планира до 2030 година да отпушти уште 13.000 вработени, претежно во фабриките во таа земја, соопшти компанијата.

„Мора итно да работиме на конкурентноста во секторот за мобилност и да продолжиме со намалување на трошоците на подолг рок. Правиме сè што е во наша моќ за да го постигнеме тоа – изјави Штефан Грош, генерален директор на „Bosch“.

Грош, кој е и директор за работнички прашања, нагласи дека одлуката за намалување на бројот на вработени е болна, но дека нема начин да се избегне, пренесува агенцијата „DPA“.


Синдикатот „IG Metall“, кој ги претставува работниците во целата германска индустрија, остро се спротивстави на оваа одлука и соопшти дека го отфрла најавеното отпуштање „од историски размери“.

Синдикатот ја обвини компанијата „Bosch“ дека се коцка со довербата на луѓето и предизвикува „социјална пустош во многу региони“.


„Bosch“, најголемиот светски производител на автомобилски делови, е сериозно погоден од кризата што ја тресе автомобилската индустрија. Компанијата го намалува бројот на вработени уште од 2023 година.