Измените и дополнувањата на Законот на безбедност на сообраќајот на патиштата предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи.
Имено, од денеска стапуваат во сила измените кои се предвидуваат со Закон.
Што предвидуваат новите правила?
Пешаците ќе мора да преминуваат коловоз и велосипедска патека без користење на слушалки во двете уши, мобилни телефони, таблети, смарт часовници и други уреди кои им го одвлекуваат вниманието.
Ова ограничување важи и за возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, освен ако користат специјализирани комуникациски уреди вградени во заштитните шлемови.
Ова правило важи и за корисниците на електрични тротинети, а казните ќе бидат 40 односно 50 евра.
Јавноста не остана имуна на ваквите измени на Законот, па коментарите на социјалните мрежи се многубројни.
Дел од нив погледнете во продолжение:
Многу јако ќе биде ова казнувањево на пешаци со слушалки, а наоколу сите што се во кола, точак, тротинет со изразена вратна спондилоза додека разгораваат на телефон и возат.
— ЛаБуБу (@K0l0voz) September 22, 2025
Секој ден сум @NaTochak. Она што го забележувам на скопските улици е многу страшно: ако не секој втор, тогаш сигурно секој трет возач на кола зборува или куцка на телефон дур вози. А овие ќе казнувале пешаци и точаци. Одувек сме имале добар сенс за приоритети.
— shurbe (@shurbe103) September 26, 2025
Ај овие со слушалки во уше ќе ги казните туку што правиме со овие што ги возат децата излезени на пола низ прозор/седнати у скут на волан 🤔🤔
— ЛаБуБу (@K0l0voz) September 25, 2025
40 евра казна за пешак што збори на мобилен на пешачки, а 50 евра доколку возачот во тој момент користи мобилен, скроз логични се сумиве, пошто нали, често се случува пешакот дур збори на мобилен, да убие кола.
— Бапчо (@TheFitzzz) September 21, 2025
Проста психологија на ,,забрането,, ги има рокнато. Кажи му дека не смее да дише и ќе почне да хипервентилира...
— Еквилибрија (@ekvilibrija) September 26, 2025
Иначе топ закон, дистракција е буквално причина за еден куп несреќи.
Колку пешаци со слушалки во уши се казнети дека сабајлево од 1000 возила со кои се разминав, 999 имаа телефон у рака.
— ЛаБуБу (@K0l0voz) September 25, 2025
Ова подразбира поставување нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот?
— Lazovka Lazovovska (@LazovkaL) September 26, 2025
VS
освен специјализираните уреди за комуникација кои се вградени во заштитните шлемови???
VS
созадвање на услови за поголема безбедност, намалување на ризиците и заштита на човечките животи?
& ... ? https://t.co/RQFXMMNesT