[ВИДЕО] Судијката која го пушти убиецот на Фросина во поправен дом, наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС, вели Андоновска

Макфакс

26/09/2025

13:27

307

Големина на фонт

а а а

Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС, кажа на денешната прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Судијката која можеше да го спречи убиството на Фросина, ако на Ваисл Јованов му досудеше затвор, во куќата сместила штаб на СДС.

Зарем треба нешто повеќе да се каже за спрегата меѓу судството и СДС?

До каде оди лудилото кога веќе не се ни кријат дека се во релација?

Дали вакво судство треба да продолжи да одлучува за судбините на граѓаните?



И како можеме од вакви судии да очекуваме непристрасност и судење според закон?

И истата оваа Aлексовска Стојановска која како судијка во куќата имала штаб на СДС и ден денес суди“.

Судскиот совет, како што додаде Андоновска, не ја разрешува, затоа што тоа се чедата на Заев, Ахмети и Наке Ѓоргиев во судството и обвинителството.

Со овие луѓе, вели таа, не можеме да очекуваме да имаме судство кое ќе работи за граѓаните, туку само за мафијата од СДС и ДУИ.