57-годишното лице на Карла Бруни без грам шминка: Сакала да изгледа како пожртвувана сопруга, но насмевката ја издаде

Точка

25/09/2025

18:41

711

Големина на фонт

а а а

Карла Бруни беше покрај својот сопруг Никола Саркози во моментот кога тој беше осуден на пет години затвор.

Поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни (57), имала совршено подготвен план: да изгледа како сосема обична жена. За судењето на својот сопруг облече едноставен црн капут, црни панталони и темносина маица. Немаше шминка, ниту пак накит. Планот беше да изгледа скромно и скршено, но вродениот талент за шоу-бизнис не ја издаде – па пред камерите кокетно се насмеа.


Саркози ја доби неочекуваната пресуда – пет години затвор поради кривична завера поврзана со наводно финансирање на неговата претседателска кампања од 2007 година од страна на либискиот лидер Моамер Гадафи. Ова е првпат еден поранешен француски претседател да биде осуден на вистинска затворска казна.

Саркози изјави дека ќе поднесе жалба, но додаде дека доколку мора, ќе „спие во затвор со крената глава“.


Ова не е првпат Саркози да се соочи со правдата. Тој претходно беше осуден во неколку случаи, вклучително и во случајот на прислушување, во кој во 2024 година доби три години затвор, од кои една година условно, а остатокот го издржуваше со електронски надзор. Исто така беше осуден и за незаконско финансирање на кампањата од 2012 година, познато како случајот „Bygmalion“. Во јуни 2025 година, поради тие пресуди, му беше одземена Легијата на честа.


Низ сите тие искушенија, неговата сопруга Карла Бруни беше постојано покрај него. Додека сопругот ја издржуваше казната дома со електронска алка, таа продолжи да чекори по модните писти, да снима албуми и да води активен јавен живот.


Сега останува прашањето – дали со истата пожртвуваност ќе остане покрај својот 70-годишен сопруг, кој следните пет години ќе ги помине во строго чуван затвор?