[ВИДЕО] Ѝ ги посветил стиховите од култната балада и тврдел дека ја имале најубавата несексуална врска, а таа го оставила преку телефонска секретарка: „Заминувам и не сакам да останеме во контакт...“

Точка

25/09/2025

16:36

866

Големина на фонт

а а а

Шинејд О’Конор славната ирска пејачка, е една од најголемите трагичарки во светот на музиката. Исклучително талентирана и не помалку храбра, беше миленичка на публиката не само поради нејзиниот восхитувачки глас, туку и поради ставовите што ги искажувала без двоумење.

. Лудо ја сакале и некои славни мажи, како Даниел Деј-Луис и Питер Гејбриел, а се зборувало и за необичната врска со Ентони Кидис, фронтменот на групата „Red Hot Chili Peppers“.

Била преталентирана и прекрасна. За жал, и премногу кревка за овој свет. Шинејд О’Конор почина во јули 2023 година, прерано, на 56-годишна возраст. За време на нејзиниот бурен и често неразбран живот, се мажела четири пати и добила четири деца, а светот своевремено се забавувал и со нејзината неконвенционална љубовна приказна со Ентони Кидис, чија љубовна историја исто така е прилично турбулентна.

Фронтменот на бендот „Red Hot Chili Peppers“ бил во врска со „спајсицата“ Мел Си, манекенката Хајди Клум, поп ѕвездата Џесика Симпсон, а се шпекулирало и за врски со Деми Мур, Хедер Греам, Софија Копола и Мадона. Важел за голем заводник, а наводно го освоил и срцето на легендарната ирска пејачка.


Во своите мемоари „Scar Tissue“, Кидис открива дека ја запознал Шинејд на еден фестивал во 1989 година и дека веднаш се вљубил во неа:

„Носеше комбат чизми и фустан, имаше избричена глава и беше толку неверојатно убава...“

Маѓепсан од неа, ѝ испратил писмо на кое никогаш не добил одговор. Неколку недели подоцна се сретнале во Лос Анџелес и брзо станале пријатели. Од перспективата на Ентони, нивниот однос бил љубовна врска која траела долго. Шинејд О’Конор, од друга страна, била шокирана од неговите тврдења и секогаш ги негирала.


Во својата биографија, Кидис пишува дека „се возеле наоколу, слушале музика, се бакнувале“, но и се пожалил дека таа никогаш не дозволила работите да одат предалеку. Тоа, сепак, не го изгаснало пламенот. И години подоцна, музичарот ја опишувал таа приказна како „најубавата несексуална врска што ја имал во животот“.

А Шинејд? Никогаш не зборувала за тоа, освен што секогаш го негирала. „Сè тоа беше само во неговата глава“, уверувала таа. На крајот, на Кидис му останало само скршено срце. Во 1990 година требало заедно да одат на доделувањето на Оскарите, но пејачката се појавила на црвениот тепих со актерот Даниел Деј-Луис, кој токму таа вечер ја добил престижната награда за улогата во филмот „Моето лево стапало“.


Следниот ден, на телефонската секретарка на рокерот го чекала порака. Шинејд му соопштила дека се сели од Лос Анџелес и дека не сака да останат во контакт. „Бев скршен“, признал во своите мемоари. Иако на крајот успеал некако да ја остави зад себе таа необична врска и да продолжи понатаму, Ентони Кидис ѝ ја посветил на најголемата ирска музичка дива песната „I Could Have Lied“, која се нашла на албумот „Blood Sugar Sex Magik“ од 1991 година.

"A mountain never seems to have the need to speak,

A look that shares so many seek,

The sweetest feeling I got from you,

The things I said to you were true.

My face will never show what is not real.

I could have lied I'm such a fool,

My eyes could never never never keep their cool,

Showed her and I told her how she struck me, but I'm fuc*ed up now..."

Превод:

„Планината никогаш нема потреба да зборува,

Поглед кој толку многумина го бараат,

Најслаткото чувство што го добив од тебе,

Работите што ти ги реков беа вистина.

Моето лице никогаш нема да покаже нешто што не е вистинито.

Можев да лажам — глупав сум,

Моите очи никогаш, никогаш, никогаш не знаеја да се сокријат,

ѝ покажав, ѝ кажав како ме погоди,

Ама сега сум зезнат...“