[ВИДЕО] Ако дојде до кавга, тогаш направете го ова: Тајните на Метју Меконахи за хармоничен брак; Оваа работа мора да ја исфрлите од домот

Точка

24/09/2025

15:52

1.034

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Метју Меконахи веќе 13 години е во брак со Камила Алвес, а сега ја открил тајната на нивниот складен брак.

Во својата нова книга „Poems & Prayers“ (Поеми и молитви), тој откри дека им помогнало тоа што почнале да спијат во помал кревет, што уште повеќе ги зближило.

Тајната на складниот брак на Метју Меконахи

„Најдобрата работа што можете да ја научите за вашиот брак“ е еден од насловите во книгата. „Еден од начините навистина да напредувате е да се ослободите од големиот кревет и да преминете на помал“, напишал тој.

Актерот објаснил што мислел со тоа во интервју за „Фокс њуз“:


„Имаме деца и одиме кај наш пријател кој има два споени големи кревета, а сите деца спијат во тој кревет. Сопругата е на едната страна со својата ноќна масичка, јас на другата, и сè е супер додека сите три деца се таму. Но, одеднаш децата пораснуваат. Повеќе не спијат во креветот“, раскажал тој.

Метју се присетил како бил збунет кога едно утро се разбудил и ја видел сопругата на спротивната страна од огромниот кревет.

„Се разбудив едно утро... Погледнав на другата страна, а Камила беше далеку колку цело фудбалско игралиште, човече. А потоа навечер одиш да спиеш, сакаш да се прегрнеш и... ‘Па, треба да те покријам, приближи се ти три метри, ќе се приближам и јас три метри’“, раскажал актерот.


Тогаш сфатил дека можеби големиот кревет „не е добар за брак“.

„Ослободете се од него. Сега имаме помал кревет во кој спиеме рамо до рамо. Ви велам, тоа е добро за вашиот брак“, истакнал тој. Додал и дека во нивниот распоред за спиење „нема место за деца“.

Инаку, Метју и Камила се венчаа во 2012 година и заедно имаат три деца: синовите Леви и Ливингстон и ќерката Вида. Освен што спијат во помал кревет, парот минатата година откри уште една тајна за успешен брак – како ги решаваат своите конфликти.


„Земете нешто слатко. Тоа може да ги ублажи кавгите – дури и ако е само мало парче чоколадо или сладолед, може да го реши проблемот“, објасниле тие.