„Чинија здравје“: Пригответе вкусна крем-супа од морков со ѓумбир

Точка

23/09/2025

16:15

461

Големина на фонт

а а а

Крем супа од морков со ѓумбир е вистинскиот избор за здрав и вкусен оброк. Сладоста на морковите и пикантната свежина на ѓумбирот создаваат совршена рамнотежа на вкусови.

Особено е вкусна кога се служи со крцкави парчиња леб што го надополнуваат доживувањето. Лесна, хранлива и богата со витамини, оваа супа е идеална за секој ден.


Состојки:

400 г моркови

Компири

Ѓумбир

1 црвен кромид

1 лажичка свеж ѓумбир

Морско оревче

2 лажици маслиново масло

1 лажица путер

1 лажичка сол

½ лажичка црн пипер

30 г парчиња леб

2 лажици павлака

Подготовка:

Ситно исечкајте го црвениот кромид и пропржете го со морковите, компирите и ѓумбирот. Зачинете со сол, пипер, мускатно оревче и додадете вода. Варете 30 минути. Исечете го лебот на коцки и препечете го. Изблендирајте го сварениот зеленчук. Сварената супа сервирајте ја со коцки леб и павлака.