[ФОТО] За средба со Русинот била – црн ангел: Поради ова ексцентрично издание на Сара Џесика Паркер би затреперила и Кери Бредшо

Точка

10/10/2025

08:03

1.789

Големина на фонт

а а а

Долгогодишната љубителка на балет и славната холивудска актерка вчера присуствувала на последната гала вечер на која се сретнала со Михаил Баришњиков, еден од нејзините најпознати партнери пред камерата.

Сепак и оваа средба останала во сенка заради величественото и ексцентрично издание на Сара Џесика Паркер.

Нема можност во која актерката Сара Џесика Паркер нема да биде една од главните ѕвезди на црвениот тепих, а за вчерашната гала вечер во организација на Њујоршкиот балет одлучила да кокетира со смелиот стил на нејзината омилена хероина Кери Бредшо.

Случајно или не, на црвениот тепих го сретнала рускиот балетски танчар Михаил Баришњиков којшто го толкувал ликот на Александар Петровски, последното момче на Кери пред конечното смирување со Ѕверката во серијата „Сексот и градот“.

Сара ги раширила црните крилја од неверојатната креација на холандската модна дизајнерка Ирис ван Херпен која се состоела од мини фустан и црна мрежа која паѓа до подот.


Црните крилја, не биле ништo помалку величествен додаток без кој фустанот можел да изгледа многу ефектно, но секако тие се нештото по кое се издвоило ова модно парче.

Ви се допаѓа ли модната комбинација?