Најдобрите земји за живот за странци: Oнаа на врвот нема конкуренција и со причина е така

Точка

21/09/2025

10:00

607

Големина на фонт

а а а

Најновото истражување на „InterNaions Expat Insider“ 2025, открило дека странците најлесно се приспособуваат и најдобро живеат во земјите од Латинска Америка и Азија.

Додека Панама и Колумбија се на врвот од листата, САД падна на 36 место.

Во анкетата учествувале над 10.000 луѓе од 46 земји, а рангирањето било направено врз основа на пет клучни категории: работа во странство, лични финансии, квалитет на живот, основни потреби и леснотија на приспособување.


Зошто САД се лошо рангирани?

Според зборовите на Катрин Чудоб, директор на маркетинг во „InterNations“, САД добиле лоши оцени во сите категории.

Во Америка недостасува пристапност, а квалитетот на здравствената заштита е оценет под стандардот. Особено лоша оцена добиле политичката стабилност и личната слобода.

Само 58 отсто од испитаниците во САД сметаат дека може слободно да изразуваат мислење, што е значајно под светскиот просек.

Панама и Колумбија како „рај за иселениците“

Панама втора година по ред е прогласена за најдобра земја за странците, а дури 94 отсто од испитаниците се задоволни од животот таму.

Главните причини се пристапната инфрастуктура, пријатната клима и пријателска култура. Во Панама трошоците за живот се пониски за 36,3 отсто отколку во САД, а за удобен живот во помалите градови потребни се од 800 до 1.500 долари месечно.

Голем скок на листата направила и Колумбија која се искачила од петтото на второто место.

Дури 81 отсто од испитаниците се задоволни со своите финансии во Колумбија, а 92 отсто велат дека приходот им е доволен за удобен живот.

Трошоците за живот се пониски за 62,2 отсто, а кириите за дури 76,2 отсто во однос на САД.

Странците во Колумбија се чувствуваат добредојдено, лесно се интегрираат и склопуваат пријателства.


Топ 10 земји за иселеници во 2025 година:

Панама;
Колумбија;
Мексико;
Тајланд;
Виетнам;
Кина;
Обединети Арапски Емирати;
Индонезија;
Шпанија;
Малезија.