Еден од најубавите и најтрагични љубовни парови во Холивуд, Мишел Вилијамс и Хит Леџер, се споиле на снимање на филм, а нивната романса и денес буди емоции кај многумина.
Иако нивната врска траела неколку години, оставила голема трага не само во нивните животи туку и во колективното сеќавање на публиката ширум светот.
Љубов на снимање: Како започнало сѐ?
Судбинската средба се случила во 2004 година во текот на работата на филмот којшто и на двајцата им ја одбележал кариерата. Хемијата меѓу Мишел и Хит била видлива речиси веднаш, а нивната поврзаност прераснала во љубов. Една година подоцна ја добиле ќерката Матилда која ќе стане средиште на нивниот свет.
Сценаристката на филмот, Дајана Осана, се сеќава на моментот кога првпат забележала дека меѓу нив има нешто посебно:
„Во една сцена, Мишел падна од санка и се повреди. Хит ја погледна со толку нежност што сите знаевме дека е вљубен“.
Крај на љубовта и трагедија која следела
Нивната врска завршила во 2007 година, откако останале во пријателски однос поради ќерката. За жал, само пет месеци по раскинувањето, Холивуд беше шокиран од загубата – на 22 јануари 2008 година Хит Леџер починал во својот стан во Њујорк, како последица на предозирање со лекови. Имал само 28 години.
Веста за неговата смрт погодила милиони, но најмногу Мишел која останала сама да ја расте нивната ќерка. Во едно од ретките интервјуа кои ги дала на таа болна тема, актерката изјавила:
„Ништо нема да ја исполни таа празнина затоа што она што го сакаме назад не можеме да го добиеме. А, тоа е таа личност“.
Нов почеток и живот по тагата
Иако поминала низ едно од најтешките животни искуства, Мишел продолжила понатаму, фокусирајќи се на мајчинството и кариерата. Денес живее во Њујорк со сопругот Томас Кајл познат театарски режисер.
Парот се венчал во 2020 година, а заедно имаат две деца, додека пак третото дошло на свет по пат на сурогат мајка.
Успешна кариера и непоколeблива посветеност на семејството
Без оглед на животните предизвици, Мишел Вилијамс остварила неверојатна актерска кариера. Добитничка е на „Еми“ награди и има остварено неверојатни улоги.
Сепак, како што велат нејзините блиски соработници, актерството никогаш не ѝ било поважно од семејството.
„Нејзиното срце е дома, кај децата и сопругот“, наведуваат пријателите.