[ФОТО] Ќерката на Деми Мур предизвика бројни реакции поради контроверзната фотографија: Се бакнувала со девојки во уста

Точка

20/09/2025

20:31

1.398

Големина на фонт

а а а

Скаут Вилис, ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, привлече големо внимание со една од своите нови објави на социјалните мрежи.

Имено, на фотографиите што ги сподели на Инстаграм таа разменувала нежности со две девојки, што веднаш предизвика бројни коментари и реакции од нејзините следбеници.

Скаут кратко напиша под објавата: „Малку задоцнети поздрави од магичното лето“.


Во истата серија фотографии се појавува и шкотскиот актер Томас Доерти, со кого Скаут веќе некое време се поврзува. Двајцата биле фотографирани заедно во Западен Холивуд во август, што дополнително ги разгоре шпекулациите.

Покрај интимните моменти, Скаут сподели и неколку семејни сцени. На една од фотографиите се гледа како игра домино со мајка ѝ Деми и сестра ѝ Талула, а меѓу гостите се појави и актерот Карл Глусман, поранешниот сопруг на актерката Зои Кравиц.

Потсетуваме нејзиниот татко, легендарниот актер Брус Вилис, се бори со фронтотемпорална деменција, сериозна болест која влијае на емоциите, однесувањето и комуникациските вештини. Неговата сопруга и маќеа на Скаут, Ема Хеминг Вилис, редовно ја известува јавноста за неговата состојба.