„Цените овде се луди, производите се толку евтини“, прокоментирала таа во видеото.
Разликите во цените на храната меѓу земјите повторно станаа жешка тема на интернет, а видеата во кои луѓе покажуваат колку чини секојдневната набавка во одредени земји брзо стануваат вирални. Исто се случи и со видеото на Џанин, тиктокерка која моментално живее во САД, а неодамна снимила шопинг во продавницата „Aldi“ во Германија и ги прикажала тамошните цени. Видеото за еден ден собра повеќе од 2 милиони прегледи. „Денес ќе ви покажам колку чинат намирниците во Германија“, рекла на почетокот и започнала да ја обиколува продавницата.
Прво ги покажала мандарините – килограм на акција чини 2,25 евра. Потоа – пакување од 12 јајца за 2,39 евра, популарното сирење „Babybel“ за 2,79 евра (23,25 евра по килограм) и овесно млеко (0,90 л) за 0,90 евра. На полицата со сувомесни производи издвојува био салама од 80 грама за 1,99 евра. Потоа прикажала пакуван леб со семки „Vital & Fit“ (500 г) за 1,19 евра и филе од лосос (180 г) коe чини 3,99 евра (22,17 евра по килограм). Во одделот за замрзната храна покажала пакување од три замрзнати пици со салама (по 350 г) кои чинат по 3,99 евра.
На полицата со вина издвојува „Vina del Asador Gran Selección“ за 2,49 евра, а потоа таа се врти кон свежите производи. Килограм круши е 1,49 евра, краставица 0,69 евра, а пакување јагоди 2,89 евра (7,23 евра по килограм). Во месниот оддел прикажала и мешано мелено месо (800 г) за 6,99 евра.
@janineandgen Can‘t believe these German grocery prices in 2025 🤯 🇩🇪 #germany #grocerystore #einkaufen #groceryprices #foodprices ♬ original sound - Janine | German in the US 🇺🇸
Кај домашните производи: пакување од 10 трислојни тоалетни хартија чини 2,69 евра, а 4 ролни кујнска хартија 2,75 евра. „Не знам зошто тоалетната хартија е толку скапа во САД“, прокоментирала таа. Потоа покажала и неколку ситници што често завршуваат во кошницата – храна за мачки (100 г, 0,30 евра), бонбони „Riesen Werther’s“ (1,79 евра) и чипс со пиперка (80 г) на попуст за 1,19 евра (редовна цена 1,99 евра). На полицата со масла издвојува грчко маслиново масло – шише од 500 мл чини 5,99 евра.
„Цените овде се луди, производите се толку евтини“, повторила во еден момент. Спомнала и други производи, како сирење Гауда (250 г за 1,95 евра, 7,80 евра по килограм), грчки јогурт (1000 г за 2,29 евра) и детска храна со цени меѓу 0,75 и 1,05 евра. Пакување од 85 пелени било на акција за 5,39 евра (редовна цена 5,55 евра). Течен сапун за раце во пакување од 1,3 литри чини 0,65 евра, а паста за заби исто така 0,65 евра. „Кажете ми во коментарите, мислите ли дека во Германија е евтино или скапо да се купува?“, ги прашала своите следбеници.
Многумина брзо одговориле, а еден коментар од Хрватска особено се издвоил. „Поевтино е отколку во Хрватска, каде просечната плата е околу 1.000 евра месечно“, напишал и собрал речиси 800 лајкови. Брзо му се придружиле и други – и Хрвати и туристи. „Цените во Хрватска се луди“, „Бев во Хрватска летово. Вие нормални ли сте?! Со овие цени наскоро нема да имате туризам“, „Немам ни толкава плата, морам магионичар да бидам секој месец“, „Треба да ги видите цените во Романија“, „Да, цела Источна Европа е таква“.
Други пак се осврнале директно на видеото: „Како да купуваш во деведесеттите“, „Во ред, се селам во Германија, поздрав од Финска“, „Не доаѓај во Австралија, ќе се онесвестиш“, „Изгледа дека од сега ќе летам во Германија по намирници“.