Дубаи, пустинскиот бисер и магнет за луксузот, често звучи како да е од бајките. Но, кога ќе се претвори сѐ во бројки, сфаќаме дека реалноста изгледа уште поневеројатно.
Еве зошто Дубаи е еден од најсофистицираните градови на светот, раскажано низ најинтересните податоци.
Градот на рекордите
830 метри – толку е висока Бурџ Халифа, највисоката зграда на светот. Доколку ја „легнеме“ би се протегала колку повеќе од 8 фудбалски терени.
7 милиони литри вода содржи Дубаи аквариумот – во него пливаат ајкули, ражи и уште 140 видови риби, а сето тоа е сместено во трговски центар.
Луксуз во секоја улица
1. 20 отсто од сите светски дигалки во еден момент работеле во Дубаи во текот на градежниот „бум“.
2. Еден автомобил на секој втор жител и тоа не било каков туку најчесто луксузен. Полицијата вози „Ламборџини“ и „Бугати“.
3. 10 илјади и повеќе ресторани, доволно да јадете секој ден во различен ресторан над 27 години.
4. 300 острови го сочинуваат проектот „The World Islands“ направен вештачки во облик на светска мапа.
5. 50 милиони цветови растат во „Dubai Miracle Garden“, најголемата градина на планетата – среде пустина.
6. 365 дена сонце – Дубаи практично нема зима, а просечната температура во текот на летото се искачува и до 40 степени Целзиусови.
Глобален центар
88 милиони патници поминале низ аеродромот во Дубаи во една година, тоа е повеќе од цела популација во Германија. А, за само три часа лет во тој круг, Дубаи поврзува над 2,5 милијарди луѓе.
Градот на иднината
0 отсто данок за лични приходи – да, во Дубаи нема да плаќате данок на плата. Дубаи има 100 отсто работа на полицајците. Целта на градот е до 2050 година третина од полициската сила да биде роботска.
Градот го красат 500 облакодери, што значи дека Дубаи има повеќе облакодери од Њујорк во однос на бројот на жители.
Ова е точката во светот која не е само луксузна дестинација туку и лабораторија на иднината. Во градот каде полицијата вози супер-автомобили, а островите никнуваат од песок, бројките зборуваат приказна која изгледа неверојатно.