Милионска земја со повеќе коњи отколку луѓе

Точка

18/09/2025

21:58

390

Големина на фонт

а а а

Оваа азиска држава е 18-та по големина на планетата, но има само три милиони жители. Монголија – земјата на коњите.

Најретко населената земја во светот е Монголија, држава без излез на море, сместена помеѓу источна и централна Азија.

Тоа е 18-та најголема земја во светот, со население од три милиони жители. Интересно е што земјата има речиси четири милиони коњи – што значи дека има повеќе коњи отколку луѓе. Густината на население во Монголија изнесува само 2,14 жители на квадратен километар.


Номадски војски на коњи

Во Монголија коњот има централна улога во животот. Номадските војски на коњи создадоа огромна империја под водство на Џингис-кан, која се протегала од Унгарија до Кореја. Коњот бил клучен за воените походи, комуникацијата и организацијата на империјата, а Монголците благодарение на него биле речиси непобедливи, пишува „Американскиот историски музеј“.

И денес, во 21 век, Монголија ја задржува својата јавачка култура.

Исхраната се заснова на пет домашни животни – коњи, говеда, камили, овци и кози – при што коњот е најценет. Децата учат да јаваат уште на тригодишна возраст, а трките со мали јавачи и понатаму се омилен спорт. Коњот е симбол на гордоста и радоста на монголскиот народ.


Враќањето на дивиот коњ – таки

Посебно место зазема таки – дивиот коњ на евроазиските степи. Сметан е за симбол на слобода и сила, но во природата изумрел во 1960-тите. Благодарение на програмите за повторно воведување, таки повторно се врати на монголските степи и во пустината Гоби – што Монголците го доживуваат како обнова на дел од нивниот идентитет и наследство.

По Монголија, најретко населени земји се Намибија и Австралија, со густина на население од 3,14, односно 3,35 жители на квадратен километар. Потоа следуваат Француска Гвајана, Исланд, Суринам, Либија, Гвајана и Боцвана со густина на население меѓу 3,62 и 4 жители на квадратен километар.