[ВИДЕО] „Порака за сите“: Полицијата во пренос во живо уништи автомобил на несовесен возач

Точка

18/09/2025

13:10

748

Големина на фонт

а а а

Понекогаш најдобро е преку пример да се покаже како поминуваат оние што го кршат законот – дури и кога тој пример е екстремен.

Шефот на полицијата во Луивил (САД), Пол Хамфри, заедно со градоначалникот Крег Гринберг, во живо се вклучија преку „Facebook“ и повикаа локални медиуми на прес-конференција, каде што зборуваа за ставот на градските власти кон уличните трки.

„Ова е порака за сите кои сакаат да учествуваат во ова опасно однесување. Нема да го толерираме на улиците на Луивил“, истакна Хамфри.

На снимката, покрај нив двајца, во центарот на вниманието се најде и автомобил марка „Durango Hellcat“, чиј возач учествувал во оваа недозволена „трка“, пренесе порталот „Drive“.

Chief Paul L Humphrey and Mayor Craig Greenberg address the #LouMedia during a news conference and will be crushing a car. #LMPD #OneMetroOneMission #MayorCraigGreenberg #CarCrushing #Hellcat

Posted by Louisville Metro Police Department on Wednesday 17 September 2025

Хамфри призна дека „би сакал да го внесе овој автомобил во полицискиот возен парк доколку беше легален“, но возилото било составено од украдени делови од повеќе различни автомобили. Сопственикот, сепак, не е кривично гонет, бидејќи наводно не знаел за потеклото на возилото.

Од вкупно 167 возила што полицијата ги запленила во овој град поради улични трки од 2023 година, четири завршиле на аукција. Хамфри објасни дека приходот од тие аукции директно отишол во полициското одделение.

Градоначалникот потсети и на несреќата со смртен исход, кога една жена во Луивил минатата година била удрена од возач со „Mustang“, кој се тркал со „BMW“. На крај, Гринберг го притисна копчето со кое ја запечати судбината на „Durango“-то – "SUV" со 710 коњски сили.