[ФОТО/ВИДЕО] Кинезите го пуштаат во сообраќај мостот којшто ќе ги сруши сите светски рекорди: Долг 3 километри и тежок 22.000 тони

Точка

15/09/2025

12:35

675

Големина на фонт

а а а

По неколку тестирања под најголемите строги правила и формалности, кинеските власти официјално ја одобрија дозволата за отворање на мостот којшто воедно ќе стане и највисок на светот.

Мостот Големиот Кањон Хуаџијанг во југозападниот регион Гуижоу, се издигнува на неверојатни 625 метри над земјата, што го прави речиси двојно повисок од Ајфеловата кула.

Провинцијата Гуижоу е планинско подрачје во Кина, со сложен терен. Мостот преминува преку драматичниот Голем кањон којшто се нарекува и „земјина пукнатина“.

Кина ширум земјата настојува да ја подобри инфраструктурата, особено во релативно неразвиените подрачја како што е Гуижоу кое се наоѓа на 1.287 километри западно од градот Шенжен.

Мостот е долг речиси три километри, а неговата тежина изнесува над 22.000 тони.

Пред три седмици, инженерите спровеле и тест за динамично оптоварување користејќи конвој од 16 камиони од кои секој тежи по 30 тони.

„Пробното испитување беше спроведено за да се проверат перформансите на мостот под оптоварувачки тешки возила и да се обезбеди неговата структурна стабилност пред да се отвори за јавноста. Тестот означува еден од последните чекори пред мостот да стане оперативен“, навеле изведувачите на работата.