Кин шокиран од една статистика на манчестерското дерби, неговата изјава стана вирален хит

Дерби

15/09/2025

11:21

137

Големина на фонт

а а а

Големото манчестерско дерби некогаш беше симбол за жестока битка и беспоштедни стартови на сите страни од теренот, но иако имаше тензија и нетрпеливост на вчерашното кое заврши со победа од 3:0 на Сити, еден статистички податок посебно се најде во центарот на вниманието.

Истиот беше апострофиран од легендариот Рој Кин, кој во својата анализа за „Скај Спортс“ не ја криеше шокираноста од фактот што не беше покажан ниту еден жолт картон на дербито на „Итихад“.

Оваа критика посебно беше наменета за избраниците на Рубен Аморим, од едноставна причина што фудбалерите на Пеп Гвардиола и немаа посебен мотив да играат грубо кога имаа водство на семафорот.

– Ниту еден жолт картон, на манчестерското дерби… Ова беше врнежлив ден, а тоа треба да биде добра подготовка за неколку лизгачки стартови…

– Преку глава ми е да се повторувам, ова е дерби! После ваков меч не треба да станете од кревет една недела, а не да си заминете од теренот без жолт картон. Обидете се со лизгачки старт, обидете се да удрите некого, фудбалот е физичка игра, а не прошетка во паркот, – порача Кин.