Осман: Ова не погоди, сакавме да го однесеме трофејот во Турција

Дерби

15/09/2025

12:55

168

Големина на фонт

а а а

Турција имаше можност да се искачи на врвот на европската кошарка, ама не успеа да го положи последниот финален испит против Германија.

Турците водеа и имаа контрола во најголемиот дел од мечот во Рига, но завршните минути им припаднаа на искусниот Германци кои со 88:83 дојдоа до европското злато и сега се најдобар тим на стариот континент и во светот.

Меѓу најдобрите играчи на Турција беше Џеди Осман кој не доби ниту секунда одмор од тренерот Атаман, уфрли шест тројки од двете обиди, вкупно 23 поени со 5 скока.

- Честитки до Германија за освојувањето на златото, имаа одличен турнир. Можам само да кажам дека натпреварот беше добар, можеше да отиде на двете страни, но ја изгубивме контролата во последните неколку минути. Кога ќе се осврнам назад, горд сум на тренерот, соиграчите и навивачите. Сите уживаа гледајќи нè на теренот. Ова дефинитивно нè погоди.

- По 24 години бевме во финалето. Сите сакаа да победат, да го земат трофејот и да го однесат во Турција. Тоа не се случи. Затоа сите се скршени и емотивни. Мораме да ги држиме главите горе и ќе се вратиме уште посилни, порача момчето кое е родено во Охрид.