Гвардиола воодушевен од напаѓач: Овој Халанд е подобар…

Дерби

15/09/2025

11:52

167

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити го одбрани својот дом и запиша победа над Манчестер Сити од 3-0 во дерби средбата во Премиер лигата.

На двете екипи им беше потребен позитивен резултат, победа, но „граѓаните“ беа оние кои подобро се снајдоа и дојдоа до значаен триумф кој дефинитивно ќе им значи пред почетокот на кампањата во Лигата на шампионите, ама и дербито со Арсенал кое следува оваа седмица.

Ерлинг Халанд беше во фокусот, даде два гола со што ја потврди неверојатната форма.

- Ерлинг беше неверојатен од самиот почеток, но оваа сезона е подобар од кога било. Би рекол подобар од годината кога ја освоивме тројната круна. Тој е динамичен, сакаме да постигнува голови и да ни помага, - истакна Пеп Гвардиола кој беше среќен и поради Фил Фоден.

- Толку многу ни недостигаше, а сезоната пред тоа беше најдобриот играч во Премиер лигата, па ни треба, има работна етика. Фил е јадрото, срцето на клубот, од академијата и го сака Сити. Тоа што го имаме назад е добра вест, - рече Шпанецот.

Сега за Сити следи соочувањето со Наполи, потоа пресметката со Арсенал на „Емирејтс“.