Модриќ по првенецот во дресот на Милан: Се надевам дека луѓето ќе престанат да ме потсетуваат на една работа

Дерби

15/09/2025

11:22

198

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ го прослави својот 40-ти роденден во текот на минатата недела, а истата ја заокружи на најдобар можен начин, односно со гол кој донесе победа за Милан.

„Росонерите“ врзаа втора победа во Серија А и на домашен терен ја совладаа Болоња со 1:0, натпревар на кој како клучен се покажа моментот од 61-та минута.

Модриќ го постигна својот прв гол во дресот на Милан и тоа го направи неколку дена откако наполни 40 години, па по натпреварот, побара од новинарите да престанат да го потсетуваат за неговата возраст.

– Најдобро е да прославите со победа. Остваривме триумф и тоа е најважната работа за тимот. После овој гол, се надевам дека луѓето ќе престанат да ме потсетуваат на една работа, односно на моите години.

– Салемакерс ми даде добар пас и повеќе вредна е неговата асистенција, отколку мојот шут. Беше лесно да се постигне гол од таа ситуација. Сметам дека целиот тим се бореше добро и од меч во меч ќе бидеме сè подобри и посигурни во тоа што го правиме, – изјави Модриќ.