Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски го освои 58. место на маратонот на Светското првенство во Токио.
Ивановски успешно го одработи и овој предизвик под тешки услови и тоа со време од 2:26:31. Инаку маратонот го завршија 66 натпреварувачи од вкупно 88 кои се појавија на стартот.
Тримфираше Алфонс Феликс Симбу од Танзација пред Аманал Петрос од Германија и Италијанецот Илијас Ауани од Италија.
Претходно свој настап на овој настан имаше и Адријана Поп Арсова Рашиќ која ја заврши делницата со време од 03:01.49 доволно за 62. место на маратонот.