Македонскиот градинарски центар Фоја, одбележува две децении успешно работење. 20 години на доверба, иновации и силна страст кон зелена и похумана животна средина. По тој повод, започнува специјална роденденска кампања, 20 дена со ексклузивни попусти, почнувајќи од 20 септември.
Фоја градинарскиот центар отсекогаш претставувал повеќе од место за купување растенија,парковска библиотека, динамична ботаничка градина која редовно ги воодушевува сите оние кои се заинтересирале за растенијата и природата.
„20 години постоиме благодарение на нашите лојални клиенти, па затоа овој јубилеј сакаме да изразиме благодарност до сите нив, преку 20 дена попусти на целиот асортиман. Oвој попуст е наш начин да ѝ возвратиме на заедницата која не поддржуваше во овие 20 извонредни години“, велат од Фоја.
Овде широкиот асортиман на растенија отсекогаш претставувал предизвик за посетителите, кои иако првично доаѓаат со одередени желби и замисли, кога ќе ги добијат информациите за растенијата и кога ќе се соочат со богатството и разновидноста која овде се нуди, ги обзема позитивна возбуда и радост, задоволство и среќа во изборот.
Овде секој еко љубител може да најде нешто по свој вкус, независно дали станува збор за мала или голема градина, за двор или за на тераса, или пак за внатрешна декорација. Од Фоја секогаш нагласуваат дека градинарството радува, смирува и инспирира и токму затоа уште повеќе со своите совети ги охрабруваат посетителите да засукаат ракави и одгледуваат растенија.
Фоја е градинарски центар каде се исполнуваат сите зелени желби, каде секогаш можеме да одбереме од широката палета на садници, зимзелени растенија, жива ограда, цвеќиња, украсни грмушки, уникатни и егзотични видови на растенија, украсни треви и повеќегодишни цветници. Каде ќе добиеме бесплатни совети кое растение какви услови за одгледување бара,на која позиција,сончево место или сенка, каква почва, колку да се наводнува и други информации кои што се од голема корист. За да не се случи нешто несоодветно да купите.
Затоа, веќе утре по утринското кафе прошетајте до ФОЈА.
Зошто да немате убаво среден двор или тераса! Побрзајте во ФОЈА, по вашето омилено растение, изборот е навистина голем, а богами и попустот!
Локација на ФОЈА - Ул. Борис Трајковски 152 А , Скопје (на патот према нас. Пинтија) 08-17 ч. Или онлајн на: https://foja.com.mk/shop/ во било кое време.
Комерцијален текст