Туск: Нападот со беспилотни летала врз Полска не беше грешка и ние го знаеме тоа

Макфакс

12/09/2025

12:21

169

Големина на фонт

а а а

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека упадот на руски беспилотни летала во воздушниот простор на неговата земја не бил грешка.

„И ние би сакале нападот со беспилотни летала врз Полска да беше грешка. Но, не беше. И ние го знаеме тоа“, рече Туск во објава на социјалната мрежа Икс.

Коментарот на Туск дојде како одговор на изјавата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека руската инвазија на Полска со беспилотни летала можеби била грешка.

„Можеше да биде грешка, но без оглед на тоа, не сум среќен за ништо што има врска со целата оваа ситуација. Се надевам дека ќе заврши“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа, пренесува Танјуг.

Полска побара од своите сојузници дополнителни системи за воздушна одбрана и технологија против беспилотни летала за подобро да се заштити од руските упади по инцидентот претходно оваа недела во кој беспилотни летала што преминуваа на нејзина територија од Украина и Белорусија беа соборени од силите на НАТО.