Ниту Христијан Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да побегнат од одговорноста за еколошката катастрофа којашто му се случува на Скопје и труењето на граѓаните поради горењето на депонитте „Дрисла“ и „Вардариште“, велат од СДСМ.
„Токму Даме Димитровски, актуелниот советник на Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на „Дрисла“, https://drisla.mk/organizacziona-struktura/.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на „Дрисла“, Јане Мицевски, магистер за туризам и менаџмент.
Со депонијата „Вардариште“ пак со децении управуваат градоначалници на ВМРО – ДПМНЕ, како Коце Трајановски, Бобан Стефковски.
ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници пред 4 години ветуваа „затворање на „Вардариште“, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“. Тимчо Муцунски ветуваше „дислокација на претоварната депонија Вардариште“. Мицкоски и Арсовска ветуваа „зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше „фабрика за селекција на отпад“ во „Дрисла““.
Денеска, додаваат од СДСМ, ништо од ова не е исполнето.
Според оваа партија, вперувањето на прстот кон други е признание на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги исполни ветувањата кон граѓаните туку не мрдна со прст и ги остави скопјани да се трујат.