[ФОТО] Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, има починати и повредени

A1ON.MK

12/09/2025

10:39

2.741

Големина на фонт

а а а

Тројца починати работници и двајца тешко повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, каде утринава од мостот на Балталиска Река, во близина на штипското село Лакавица, излета комбе во кое се превезуваа работници.

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Горан Андонов вели дека медицинскиот тим на Итната медицинска помош на лице место констатирале смрт на две лица, третиот работник бил реанимиран, но им подлегнал на повредите. Според првичните информации станува збор за странски работници од Бангладеш, кои биле работно ангажирани за струмичка фирма. Повредени се и еден работник и возачот на комбето.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека во моментов кај нив е хоспитализарно едно лице, на кое во моментов му се прават прегледи од лекарите.