Гастроентеролози: Сакате подобро здравје на црниот дроб? Воспоставете една навика

Точка

02/09/2025

21:06

585

Големина на фонт

а а а

Здравјето на црниот дроб често е во сенка на популарни теми како здравјето на цревата, но станува збор за орган кој е клучен за целото тело. Хроничните болести на црниот дроб, вклучувајќи цироза, се сè почест причинител на смртност, а проценките покажуваат дека до 2040 година повеќе од 40% од луѓето ќе развијат неалкохолна масна болест на црниот дроб. Експертите предупредуваат дека дури и најмалите промени во начинот на живот можат да имаат значителен ефект врз зачувувањето на здравјето на овој орган.

Една од наједноставните стратегии, како што посочува гастроентерологот д-р Џулија Ваташерил, е едноставно „да се движите“. „Фокусот на мали промени кои може да се одржуваат на долг рок е клучен. Самото станување е лесно за паметење и повеќето луѓе тоа можат да го направат веднаш“, нагласува таа за „EatingWell“. Ова не стимулира само подобро функционирање на црниот дроб, туку и низа здрави навики како поголема физичка активност, квалитетен сон и подобра исхрана.


Движењето го поддржува функционирањето на црниот дроб

Станувањето и повеќе стоење во текот на денот придонесува за зачувување на мускулната маса, што е особено важно за лица со болести на црниот дроб, како цироза, бидејќи често страдаат од слабост предизвикана од губење на мускулите. Истражувањата покажуваат и дека ваква едноставна активност помага да се одржи контролата на нивото на шеќер во крвта.

„Се верува дека масната болест на црниот дроб ја одразува инсулинската резистенција“, објаснува гастроентерологот и хепатолог д-р Арвинд Реди, додавајќи дека здравата исхрана и редовната физичка активност го намалуваат тој ризик и превенираат болести како дијабетес и хипертензија.


Како што истакнува д-р Ваташерил, „црниот дроб е седиште на метаболизмот, во постојан биолошки дијалог со мускулите и масното ткиво“. Станувањето и движењето директно придонесува за неговото функционирање, ја регулира метаболичката активност и го намалува оптоварувањето.

Диететичарката Шарлот Мартин заклучува: „Фокусирањето на ограничување на нездравите навики и додавање на позитивни го прави здравјето на црниот дроб дел од целокупниот животен стил".