Сочното пилешко во комбинација со вишни носи сосема ново гастрономско искуство.
Слатко-киселата нота на овошјето совршено се испреплетува со ароматичен тимијан и му дава на јадењето неочекувана свежина.
Ова е рецепт за оние кои сакаат да излезат од рамките на вообичаените вкусови и да пробаат нешто поинакво. Се подготвува брзо, а на масата изгледа како вистинско гурманско ремек-дело.
Состојки:
600 г пилешко филе
200 г вишни
100 г путер
3 лажици маслиново масло
1 лажица мед
1 лажица свеж тимијан
2 лажички сол
1 лажичка бел пипер
1 лажичка вегета
300 г палента
Подготовка:
Маринирајте го пилешкото филе со сол, бибер, вегета и масло. Пропржете го месото во тава со масло и путер, а потоа извадете го од тавата, па додадете вишни и мед. Гответе неколку минути. Додадете свеж тимијан и вратете го пилешкото да се пржи неколку минути додека се намали течноста во тавата.
Сварете ја палентата во солена вода. Додадете путер и и послужете како прилог на приготвеното пилешко месо.