Мбапе му ја затнуваше устата на Винисиус, Бразилецот не остана должен на социјалните мрежи

Дерби

25/08/2025

11:27

219

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор беше резерва на натпреварот против Овиедо и тоа очигледно и тоа како влијаеше врз неговата мотивација, нешто што можеше да се види од начинот на кој излезе на теренот во второто полувреме.

Бразилецот внесе живост во играта на Реал и со асистенција и гол стави печат на победата од 0:3, но покрај учинокот кој го оствари, Вини се најде во центарот на вниманието и поради глумата за која доби жолт картон, но и расправијата со судијата и фановите на трибините.

По скромното издание против Осасуна, Вини сега се прикажа во сиот свој сјај и целосно ги развдвижи случувањата на теренот и на трибините, па при вториот гол на Мбапе, мораше да биде замолчен од својот соиграч.

Мбапе му ја стави раката на уста на Вини со цел да спречи можна нова опомена и црвен картон за Винисиус, кој сепак не се штедеше откако постигна гол за конечни 0:3.

Винисиус прославата на голот им ја посвети на навивачите на Овиедо, им покажуваше со гестикулации дека ќе се вратат во Сегунда, а потоа се огласи и на социјалните мрежи.

– Тоа сум јас…